Дома

Добродојдовте на Интер-етник проект Гостивар (ИПГ), локална мултиетничканевладина организација сместена во Гостивар, Македонија.

ИПГ е формирана во Август 20000 како здружена иницијатива на група граѓани од Гостивар и Холандската невладина организација Меѓуцрковен мировен совет (ИКВ). Од самиот пошеток досега ИПГ има имплементирано над 25 проекти и има подржано на 45 проекти кои се имплементирани од страна на локалните партнери со цел да се стимулира интеретнишката соработка и толеранција помеѓу етничките групи кои што живеат во Гостивар.

Како организација која што работи на локално ниво, ИПГ секогаш е насочена кон интересот на граѓаните и ги следи нивните потреби како и развојот на општинаа воопшто.

Почнувајќи од 2005, работата на ИПГ главно е фокусирана на работата на локланите власти и независност во медиумите. Користејќи различни механизми за подобрување на соработката помеѓу локалната власт и граѓаните, преку зајакнување на капацитетите и информативните служби, ИПГ го подобруа демократското учество на локално ниво во Гостивар. во сите свои проекти ИПГ се залага за зајакнување на ентер етничкото разбирање, толеранцијата, промовира човечки вредности со што се стекнува доверба и стабилност во северозападниот дел во Македонија.

Успехот на ИПГ е базиран на нејзината мрежа, експертизам во подобрување на меѓуетничките односи, доверба и вкоренетост во општината Гостивар.